| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.07.2017

Треневски: Динамо Минск е како Вардар и Шкендија


Стратегот на Работнички на денешниот прес говореше во суперлатив за белорускиот тим и го спореди со нашите најголеми клубови

Во пресрет на утрешниот дуел со Динамо Минск во 2.квалификациско коло во ЛЕ, предмалку тренерот на Работнички Виктор Треневски и капитенот Душко Трајчевски пред новинарите го искажаа своето мислење.
„Ги минавме аматерите, сега ни доаѓаат професионалците. Секако дека тука мислам на Трен Пене и на Динамо Минск. На Динамо гледам како на Вардар и Шкендија, клуб со голем буџет. Мислам дека играат во формација 3-4-3, секако дека физички се многу спремни. Ќе одиграме во рамките на нашите можности. Јас искрено повеќе се подготвувам за реваншот“ истакна Треневски.
Додека предводникот на тимот, капитенот Трајчевски изјави...
„Ни се зададоа две цели, да излеземе во Европа и да минеме во второто коло. Откако ги остваривме и двете, сега сметам имаме добри шанси да го минеме и ова второ коло, да го минеме Динамо Минск“.



Датум: 12.07.2017, 12:30
Статијата е прочитана 1259 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense