| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Ангеловски и Милевски за тоа кој ќе победи, Вардар или Шкендија?

Селекторот на нашата најдобра репрезентација прво посакува спектакл а потоа вели дека шампионот е во психолошка предност, додека предводникот на надежите посочува дека ќе има многу надмудрување

Игор Ангеловски и Благоја Милевски, само за „Македонски спорт“ од стручен агол коментираат кој е поблиску до победата во 43. Супер дербито, Вардар или Шкендија?


„Вардар е во мала психолошка предност поради тоа што на последните дуели со Шкендија обично победувал но и поради фактот дека пред утрешниот дуел има четири бода предност. И во двете екипи има извонредни фудбалери, и во двете екипи преовладуваат „тројки“ во нападот. Кај Вардар тоа се Фелипе, Којашевиќ и Блажевски, кај Шкендија пак Хасани, Ибраими и Абдурахими. Сепак победникот ќе го реши тимскиот пристап на теренот. Нека биде спектакл и да уживаме во фудбалот, покрај другото истакнува Игор Ангеловски, селекторот на нашата најдобра репрезентација.
„Ќе има многу надмудрување на двете страни. Кога играат двете наши најдобри екипи, тие мечеви со нетрпение се очекуваат. И Вардар и Шкендија многу добро се познаваат па затоа не би можел да кажам кој е во предност. И да има такво нешто кога ќе се истрча на теренот се се заборава и не важи ништо што е кажано или анализирано. Според мене еден кикс, еден феноменален потег, индивидуален квалитет ќе го реши победникот на ова големо дерби. Секако дека јас посебно внимание ќе обрнам на неколкуте младински репрезентативци кои ќе играат во двете екипи“ посочи Благоја Милевски, предводникот на нашите надежи.

*Повеќе читајте во денешното печатено издание



Датум: 25.02.2017, 13:16
Статијата е прочитана 2364 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense