| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.08.2018

Здравков потпиша за Беласица

Долгогодишниот капитен на штипска Брегалница прави трансфер во вечниот ривал, во таборот на струмичка Беласица.

Горан Здравков е новото име во тимот на Беласица. Лидерот на второлигашката конкуренција Исток, зимава се засили со неколку искусни прволигашки играчи, а еден од нив е Горан Здравков. Играчот за врска по долги години минати во неговата матична Брегалница сега се сели во редовите на лутиот ривал, Беласица. Заедно со Пашовски, Василев и Томе Јанев тој ќе се обиде на прлелт само да го птоврди статусот на струмичани како лидери на табелата и да ја врати Беласица онаму каде што и е местото во првата лига. На „Младост“ доаѓа и младиот Никол Никола Божинов кој последно играше за тимот на Хоризонт Турново.
„Секако дека сме презадоволни од засилувањата за кои веруваме дека во многу ќе ни помогнат да ја оствариме зацртаната цел сезонава. А тоа секако е пласманот на Беласица на првото место на табелата и секако заминување во првата лига, онаму каде што на овој македонски фудбалски гигант и му е местото“ - вели тренерот на Беласица, Раде Цицмиловиќ.


 



Датум: 16.01.2018, 15:28
Статијата е прочитана 3754 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense