| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.01.2017

(ФОТО) Бабунски потпиша за Јокохама

Давид Бабунски и официјално е дел од тимот на Јокохама. Најавите кои кружеа подолг период во јавноста конечно се остварија.

Нашиот репрезентативец му се приклучи на јапонскиот состав со надеж дека ќе сврти нов лист во неговата кариера. Ќе добие потребна минутажа и ќе го покаже својот несомнен фудбалски талент.
„Од моментот кога кога слушнав дека Јокохама е заинтересиран за мене, веднаш почнав да учам јапонски. Многу сум среќен што ќе можам да бидам дел од овој клуб и што ќе учам како е да се биде дел од јапонскиот фудбал„ - изјави Бабунски на промоцијата во новиот клуб.
Давид со ова ја завршува сагата околу неговата нова дестинација секако по проблемите кои настанаа со неговиот престој во Црвена Звезда. По Хуго Виера тој е вториот екс играч на Црвена Звезда кој зимава станува дел од овој клуб.
Само како информација и неговиот татко, Бобан своевремено настапуваше во земјата на изгрејсонцето во тимот на Гамба Осака.



Датум: 30.01.2017, 11:50
Статијата е прочитана 1208 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense