| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.10.2017

По три парчиња за Вардар и за Шкендија!

Каков лош ден за „милионерите“. Шампионот загуби од Работнички со 1:3, додека лидерот од Академија Пандев со 2:3

Потоп за „црвено - црните“ во 12.коло, потоп за Вардар и Шкендија, за шампионот и за лидерот. Работнички со 3:1 славеше во 59. соседско дерби против Вардар додека А. Пандев со 3:2, во меч со многу шанси но и со тензии, ја победи Шкендија. Со оваа победа сега „академците“ се втори на табелата.
Ренова со 5:1 го победи Скопје, но сите голови паднаа откако „пиратите“ останаа со играч помалку по исклучувањето на Алексовски во 31. минута. Сензација во Битола, Силекс со 2:1 го победи домашниот Пелистер иако „зелените“ водеа со 1:0. И на ккрај Шкупи на Чаир со голот на Јашаровски во финишот дојде до три златни бода против Победа.

РЕЗУЛТАТИ - 12. КОЛО
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР   3:1
Серџио 17’, Стјепановиќ 73’(п), Тодоров 82' - Блажевски 70’
А. ПАНДЕВ - ШКЕНДИЈА  3:2
Балдовалиев 23’, Марков 52’, Чешмеџиев 89' - Радески 54’, Ибраими 72’
ШКУПИ - ПОБЕДА    1:0
Јашаровски 85'
РЕНОВА - СКОПЈЕ    5:1
Незири 61’, Костов 68’, Меирелеш 30’, Скендери 77', 84' - Ѓурчиновски 89’
ПЕЛИСТЕР - СИЛЕКС    1:2
Лукас 5’ - Б.Георгиев 67’, Тимов 76'

ТАБЕЛА
1.Шкендија 28, 2.А. Пандев (-1) 21, 3. Вардар (-2) 19, 4.Силекс 18, 5.Шкупи 15, 6. Ренова 14, 7. Работнички 13, 8.Пелистер 12, 9.Победа 12, 10. Скопје 6 бодови




Датум: 25.10.2017, 16:34
Статијата е прочитана 2358 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense