| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.03.2017

Алиоски повторно човек на одлука за Лугано

Езџјан Алиоски го постигна победничкиот гол за Лугано при 2:1 триумфот над Лозана за да ја продолжи одличната сабота за македонските стрелци, по головите на Бабунски, Велкоски и Ристески

Алиоски погоди во 56-тата минута, откако по првото полувреме Лугано и Лозана имаа израмнет резултат 1:1. Голот беше во ситуација кога македонскиот репрезентативец беше опкружен со противнички играчи.
Со оваа победа, Лугано има 28 поени на петтото место во швајцарската лига,  шест помалку од четвртопласираниот Луцерн. Базел е прв со далечни 59 поени.



Датум: 04.03.2017, 19:49
Статијата е прочитана 1557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense