| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.05.2017

Ѓоко: Одбив две понуди поради Хата!

„Го продолжив договорот со Хата на уште една година. Иако имав подобри понуди од два клуба, сепак не сакав да ја сменам средината“ потенцира Хаџиевски

Откако имаше успешна сезона в првенството кое штотуку завршува во ОАЕ. раководството на Хата му понуди продолжување на договорот на Ѓоко Хаџиевски, кој за „Македонски спорт“ открива зошто не ги прифатил другите две понуди.
„Јас бев задоволен од соработката, тие исто така и немаа никакви проблеми за да се договориме за уште една година. Сепак морам да кажам дека во меѓувреме имав две понуди од други клубови, и двете беа финансиски подобри, но јас сепак се решив да не ја променам средината. Не можев туку така да ги одбијам луѓето во Хата. А не е тајна дека резултатите на екипата во шампионатот кој штотуку завршува се причината за укажаната доверба. Познато е дека да се биде тренер не е лесно, само успесите те оставаат на клупата. Еве еден податок за Хата. Имено никогаш, ама баш никогаш не се случило во изминатите десет години некој второлигаш да влезе во елитата на лигата во ОАЕ и да остане. Сите по една година се враќале во понизок ранг. Е тоа нас ни успеа. Ние на коло - две до крајот на сезоната го изборивме опстанокот и тука, во овдешната фудбалска јавност се смета за голем успех. Затоа и ми понудија нов договор“ вели Хаџиевски.

*Повеќе читајте во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“


 



Датум: 08.05.2017, 20:34
Статијата е прочитана 3279 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense