| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.03.2017

Тричко станува дел од историјата на АЕК Ларнака

На нашиот напаѓач му требаат уште седум голови за да стане втор стрелец во историјата на овој кипарски клуб во сите натпреварувања

Иван Тричковски има шанса да биде дел од историјата на АЕК Ларнака. Тој може да биде „сребрен“ стрелец на екипата од Кипар. За тоа достигнување на нашиот репрезентативец му се потребни уште седум голови, за да го стигне на вечната листа второпласираниот Стелиос Стиланидис, кој до сега има 39 гола. Во моментов Тричковски стигна до бројката 32 гола во дресот на АЕК во сите натпреварувања. Тоа значи дека уште седум голови, ќе биде втор на вечната листа на стрелци на тимот од Ларнака, со оглед дека првото место е речиси недостижно и „резервирано“ за Лефтерис Елефтериу, кој во дресот на „зелените“ има постигнато 71 гол.
Македонецот ја игра најдобрата сезона во кариерата, и до сега има постигнато 14 голови во првенството, или три повеќе од времето кога играше за АПОЕЛ, и тоа во цела сезона во кипарскиот шампионат.
Тричковски до второто место на листата на стрелци на АЕК може да дојде уште во оваа сезона со оглед дека има уште доста натпревари до крајот на првенството.



Датум: 03.03.2017, 11:16
Статијата е прочитана 2151 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense