| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Стадионот „Младост“ е „бонбона“ (ФОТО)

„Македонски спорт“ во посета на стадионот каде што вечерва ќе се игра натпреварот Македонија - Албанија. Многу се разликува од европските натпревари

Стадионот во „Младост“ е подготвен за вечерашен спектакл. Македонија ќе ја пречека Албанија во квалификациски натпревар, а струмичкиот стадион многу се разликува од европските натпревари.
Сега се поставени трибини позади голови со што автоматски е зголемен капацитетот на истиот. Резервните клупи се донесени од „Телеком Арената“ од Скопје. Тука е и семафорот кој што е новина на стадионот во Струмица. Средена е и патеката пред клупите со поставување на вештачка трева.
Сега стадионот е „бонбона“ и подготовен да ги бодри нашите најдобри фудбалери во дуелот со Албанија вечерва во 20:45 часот.




Датум: 05.09.2017, 14:50
Статијата е прочитана 3536 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense