| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.12.2017

Барди и Несторовски по пет милиони

Двајцата во моментов според трансфермаркт се играчите кои се највредни македонски играчи во фудбалскиот свет

Енис Барди и Илија Несторовски се двајцата македонски фудбалери кои во моментов се највредни на трансфер пазарот. Според трансфермаркт, нашите репрезентативци вредат по пет милиони евра, што е сосема логично со оглед на нивната моменлата форма, и напредокот кој го имаат во кариерата. И Барди кој е член на тимот на Леванте, а и Несторовски кој сеуште е дел од Палермо во втората италијанска лига, во било кој од следните преодни рокови би можел многу лесно да се пресели во некој нов клуб, а со оглед на годините на Барди, и отпукната клаузула која стои во неговиот договор, можно е оваа цифра, да биде и неколкупати надмината.

Од друга страна пак, Езџјан Алиоски кој исто така игра во втората но англиска лига, настапува за тимот на Лидс, е проценет на три милиони евра. И во неговиот случај оваа сума би можела да биде надмината при евентуален трансфер имајќи ги во предвид вртоглавите бројки кои се во игра при продажбата на играчите шитум Европа во моментов. Конечно, Стефан Ристовски кој од сите наброени погоре во моментов настапува за најатрактивен и најдобар клуб, португалскиот Спортинг Лисабон е проценет на 2.5 милиони евра. По неколкуте позајмици во Италија, односно Хрватска кој конечно го направи трансферот од соништата, кои според игрите за Ријека тотално и го заслужи.

 

 

 



Датум: 28.12.2017, 11:50
Статијата е прочитана 1235 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense