| контакт | маркетинг
КОШАРКА

15.07.2017

Одбраната ставена на бугарски тест

Македонската сениорска репрезентација вечерва од 20.30 часот ќе го има првото претставување пред домашната публика во подготвителниот период и на контролниот меч со Бугарите треба да покаже дали има напредок во играта во одбраната, со однос на пресметките со Словаците во Братислава.

Вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени, влезот е бесплатен и тоа е можност публиката да им даде поддршка на избраниците на селекторот Јорданчо Давитков.
„Со секој изминат ден, би требало да биде сè подобро. На вториот меч во Словачка покажавме одреден напредок во однос на првиот, се надевам дека со Бугарија ќе играме уште подобро. Најважно е после малиот период на рехабилитирање по Словачка, да покажеме подобра игра. Ќе видиме како ќе изгледаме вечерва, би сакал ако може, да ја кренеме одбраната на повисок степен. Нападот функционираше и ќе функционира, имаме играчи кои може да решат проблеми во нападот и не сум загрижен околу тоа. Ќе мора да се позанимаваме со одбраната и во наредните денови, до турнирот во Скопје. Бугарија е добар противник за овој период од подготовките и таа со квалитетот е тука некаде, но ова ни е прв меч дома и верувам дека нема да разочараме. Теодор, и како човек и како играч, добро се вклопи, уште не е физички целосно спремен, а ќе му треба време подобро да се запознае со соиграчите, да види кој што може да направи, бидејќи кај него е топката, тој е организаторот“, вели Давитков.
Кирил Николовски, кој беше еден од најефикасните поединци на првата средба, потврди дека Македонија полека ја крева формата и дека Теодор е големо засилување.
„Вториот меч кој беше прекинат, го почнавме доста подобро отколку првиот, бевме поцврсти во одбраната и во нападот, судиите дозволуваа контакт-игра, но немаа еднаков критериум при досудувањето на личните грешки. Поправивме некои грешки и мислам дека одигравме подобро. Колку што знам, Бугарите доаѓаат комплетни, но и ние влегуваме во ритам, првите две контроли беа како загревање, сега ќе биде подобро. Се гледа дека Теодор е многу добар играч, искусен е и ќе ни биде од голема помош. Исто така, има и човечки квалитети, добро се вклопи во екипата, цело време се дружи со нас“, објаснува Николовски.



Датум: 15.07.2017, 16:46
Статијата е прочитана 868 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense