| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2018

Импресивна Шкендија

Со головите на Ибраими и Хасани, Шкендија со 2:0 ја совлада силната Габала

Шкендија уште еднаш ја покажа сета своја сила. Имено денеска во Анталија со 2:0 успеа да ја победи Габала, тим од Азербејџан, редовен учесник во групната фаза во ЛЕ во последните години. Есенскиот првак поведе во 8.минута со голот на Ибраими, кога се најде сам пред голманот на Габала, го мина и ја затресе мрежата. Во 33.минута од пенал капитенот Хасани зголеми на 2:0. Инаку покрај головите, во првиот дел Шкендија имаше тотална доминација. Не само што постигна два гола туку имаше и три зицери, двапати Жуниор и еднаш Ибраими имаа шанси да зголемат дури на 5:0. Во 37.минута имаше судир меѓу Захов и Бејтулаи кога и двајцата сакаа што подобро да ја отстранат опасноста по својот гол. За среќа се заврши само со лекарска интервенција, а можеше да биде многу опасно. Шкендија мечот го започна со Захов, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Хасани, Радески, Муслиу, Мурати, Жуниор, Фазлагиќ, Адили. Од клупата своја шанса чекаа Реџепи, Тотре, Шефити, Бојку, Емини, Теќа, Садриу, Тодоровски, Љума и Биљали. Во вториот дел Шкендија како да го намали темпото, особено во финишот од мечот кога во игра влегоа помладите.
Со овој меч тетовци го завршија серијалот на контролни мечеви во Анталија, утре се враќаат дома.



Датум: 03.02.2018, 17:06
Статијата е прочитана 1701 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense