| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.08.2017

Белек понуден за шпиц на Вардар

Станува збор за камерунски фудбалер, кој во својата биографија бил дел од Фиорентина и од Удинезе. Играл во Грција, а во моментов настапува во Турција

На Вардар веќе долго време му е потребен класичен голгетер. Во минатото се вртеа и се споменуваа неколку имиња, но сега се чини дека веќе нема бегање од фактот дека „црвено-црните“ ќе ангажираат шпиц. Особено што единствениот си замина во Катар и потпиша за Ал Гарафа.
Во обидот да се ангажира нов голгетер, на шампионот му се нудат и неколку решенија на тоа место. Па така, според информациите до кои дојде „Македонски спорт“, на Вардар му е понуден еден искусен напаѓач, кој во својата кариера бил дел и од звучни тимови од Серија А.
Станува збор за камерунскиот интернационалец Стив Лео Белек А’Бека. Фудбалерот роден во 1993 година, во својата кариера минал низ многу клубови од Грција, Италија, Романија, Турција, Белгија и од Англија.
Дали тој ќе го замени Балотели во нападот, останува да се види во следните неколку часа, кога ќе се носи одлука дали ќе биде ангажиран.

 



Датум: 10.08.2017, 23:05
Статијата е прочитана 5971 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense