| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.11.2017

Ангеловски: Не треба да менуваме и експериментираме

Селекторот со проверени сили ќе и се спротивстави на Норвешка

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски предмалку го соопшти составот на репрезентативци на кои ќе смета за следниот закажан меч, пријателскиот натпребав против Норвешка на домашен терен. Селекторот не експериментираше премногу со изборот туку тој е идентичен со оној кој го одигравме мечот против Италија.
„Списокот е истиот како против Италија, односно Лихтенштајн. Тоа е добро за нас, значи дека не експериментираме. Не очекува еден квалитетен меч, против селекција која во минатото не сме ја победиле ниту еднаш. Негуваат скандинавски начин на игра, со многу дуели. Селекторот Лагербег е доста искусен, многу го почитувам затоа што со Исланд направи огромен успех, отиде на европско првенство. Да видиме како ќе се снајдеме во ваков стил на игра„ - вели селекторот Ангеловски.

Пандев е тука се додека може

Што се однесува пак до нашиот најдобар фудбалер и капитен, Горан Пандев селекторот Ангеловски вели дека се додека „Гранде“ настапува на највисоко ниво секогаш ќе биде повикуван за македонската репрезентација.



Датум: 01.11.2017, 11:21
Статијата е прочитана 284 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense