| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.12.2017

„Машината“ Фелипе: Играше на сите 33 натпревари есенва

Бразилецот пропуштил само полувреме од Купот со Локомотива, и 12 минути кога бил заменет на дуел со Скопје

Иако темпото на натпревари оваа есен за Вардар беше „пеколно“, сепак, неверојатни бројки се врзани зад името на Хуан Фелипе во дресот на „црвено-црните“. Имено, Бразилецот беше дел од сите 33 меча за шампионот, со тоа што пропушти само едно полувреме од Куп натпревар, и 12 минути од првенствениот меч со Скопје кога беше заменет од страна на Чедомир Јаневски.

Во сите мечеви, Фелипе даде осум гола, од кои седум во првенството, и еден во Лигата на Европа против Розенборг. Ова е неверојатно темпо на „машината“ на Вардар кој што пропушти само 57 минути од сите минути кои Вардар ги одиграа оваа есен, и тоа 12 мечеви во Европа, три во Купот и дури 18 во првенството.



Датум: 21.12.2017, 11:53
Статијата е прочитана 628 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense