| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.10.2017

ВТОРА ЛИГА: ЛАБУНИШТА ПО ОДМАЗДА ВО СТРУШКОТО ДЕРБИ

Денеска се играат натпреварите од двете Втори лиги. Мечот меѓу струшките ривали е можеби најинтересниот, а возбудлива треба да биде пресметката меѓу Тиквеш и Беласица

Во 10 .коло од Втората лига - запад ќе го одбележи струшкото дерби помеѓу Лабуништа и Струга Трим-лум. Тогаш избраниците на Неџат Хусеин забележаа победа од 2:0, а сега е време за одмазда, што се вели. Лабуништа е во добра серија од три меча без пораз, а Струга има прволигашки амбиции, кои мора да ги одработи на секој меч.
„Овој пат ќе биде далеку потешко отколку на првиот меч. Секако, тоа не ни менува ништо, ние, стандардно, одиме на победа на секој меч, па така ќе биде и овој пат. Не сме комплетни, но секако дека сме максимално подготвени“, вели тренерот на Струга Трим-лум, Неџат Хусеин.


Натпреварот меѓу екипите на Тиквеш и на Беласица ќе го одбележи дестото коло од Втората лига – исток, со коешто ќе се отвори вториот натпреварувачки круг во лигата. Во овој натпревар и двете екипи влегуваат со силно изразен императив за освојување на трите бодови. Кавадарчани за да покажат дека дефинитивно ја надминале резултатската криза во која забележаа четири првенствени порази по ред, пред во минатото коло да слават минимално против Плачковица. Во спротивно, Тиквеш ќе се најде во опасност, со евентуален добра резултат на екипите што се зад него, да падне во зоната за испаѓање.
Од друга страна, за екипата на Беласица е важно да победи за да ја прекине серијата од три средби без триумф и да го задржи чекорот со Брегалница, којашто, по поразот на Беласица од Кожуф во претходното коло, го презеде првото место на табелата.




Датум: 28.10.2017, 11:11
Статијата е прочитана 816 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense