| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.01.2018

Мециновиќ СО ТРАНСФЕР ВО НЕџМЕХ ОД БЕЈРУТ

Стоперот договори трансфер во првиот ден од Новата Година

Јасмин Мециновиќ својата кариера ја продолкжува во Либан, во екипата на Нејмех Спортинг Клуб. Стоперот денеска ги договори сите детали, и стави потпис на договор кој што е во траење од година и пол.

Меџиновиќ во минатото настапуваше во Малака во Малзеија, а беше дел и од Пелистер. Сега ќе игра за еден од најпознатите клубови во Либан кој што е втор по бројот на титули во првенството. Оваа екипа има осум шампионски трофеи.  Минатата сезона ја заврши како третопласиран, додека во оваа од 11 кола е на втората позиција со бод заостанување од првото место.

Промоцијата на Меџиновиќ ќе се случи во текот на утрешниот ден. Ова е прв трансфер на наш фудбалер во Либан, со што оваа земја ги отвора вратите за трансфери на македонски фудбалери, а таму има подобри финансии од оние во нашата земја.

 



Датум: 01.01.2018, 18:49
Статијата е прочитана 1914 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense