| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

ГИ СТАВИВМЕ ВО ШИШЕ, А ТИЕ ПАК СЕ СПАСИЈА

Вакво „газење“ долго време не сме виделе од нашите фудбалери

Албанија слави бод од Струмица во битката за трето место во групата. Оваа Албанија ли играше на ЕП!? Фудбалско убиство и направивме на Албанија но не ги „убивме“. Им зададовме тешки удари, ги нападнавме со тешка артилерија а тие се протнаа низ малиот отвор во шишето каде што ги напикавме. Само бод во битката за третото место во групата за нашите фудбалери. Повторно по „стоти“ пат ни се случува ваква репетиција. Но вечерва во Струмица повторно одигравме на највисоко ново. Гостите во првиот дел не шутнаа ниту еднаш по нашиот гол. Тоа кажува се. Дојдоа ли да се бранат. Па нели тие се сила, нели играа на ЕП!? Овие ли играа на ЕП кога двапати ни се протнаа.

Прво два дена им требаа да стигнат до победата во Скадар и еве сега повторно имаа среќа. Пред мечот нашиот Илија Несторовски напомена дека голманот Етрит Бериша кој брани во Аталанта сигурно добро го знае. Му дал гол во Серија А нашиот голгетер. Но ете го налути или го натера да го научи Несторовски и му ги прочита двата зицери при 1:1. Двете големи шанси за голема победа и надеж за историски пласман во групата. Отидоа шансите на Нестровски, бомбите на Алисоки. Бериша направи „СТОП“ за нашата артилерија.

 Селекторот Игор Ангеловски и фудбалската јавност не треба а биде разочарана иако дуелите со Албанија се повеќе од натпревар, од квалификации. Ова се дуели за престиж, ривалство, бој! Ние неуспеавме сега. Но оваа игра, овој пристап... Тие дваат надеж. Точно дека од надеж не се живее, дека среќата може да биде алиби на 2-3 средби а не со години и години. Но ете на нас во овој циклус сите ни го имаа свртено грбот. Ова што вечерва го утнавме, ова што Бериша го фати...

Тоа се вика чудо. Кога Македонија имала 22 удари на гол? Никогаш е одговорот. Оние кои гледаа видоа добар фудбал. Убав фудбал, храбра и моќна Македонија. Оние кои не видоа може да жалат. Оние кои дојдоа гледат сеир и чекаат инциденти, тепачки и скандали. И тие со прст во уста си одат дома. Луѓе, победи фудбалот. Уживајте во фудбалот во играта, головите и победите. Не сте интересни со тие скандирања, провокации... Одиме напред, сепак ова е современо општество. Секоај чест за Струмица за организацијата и гостопримството. Се гледаме во некоја друга прилика. Ако сега се спаси Албанија тоа нема да биде случај со Лихтенштајн во октомври.

Одиме напред!



Датум: 05.09.2017, 23:20
Статијата е прочитана 3349 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense