| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.03.2017

„Пандев“ прволигаш во најава, останатите во строј

Денеска стартува пролетната полусезона во второлигашката конкуренција во која нештата дел се познати, дел допрва треба да добијат одговор

Струмичани со оглед на бодовната разлика и серизониот играчки квалитет односно потенцијал, се пред промоција во првата лига, а останатите места за повисок ранг, односно испаѓање допрва ќе бидат дознаени.

Вторилигашката конкуренција викендов го има своето продолжение. По повеќемесечна пауза, и одлагање од неколку дена, втората по ранг фудбалска лига во Македонија ќе го одигра 15. коло.
Како што е добро познато, ова е послендата полусезона во ваквиот начин на натпрварување во оваа конкуренција. Од идната година ќе има две втори лиги, и ибете ќе бидат составени од по десет екипи, како што секако е и постоечката.

„ПАНДЕВ“ ПРЕД ПРОМОЦИЈА ВО ПРВОЛИГАШ
 Во неа пак, Академија Пандев е суверен владетел и лидер со голема бодовна предност од единаесет поени. Амбициозниот струмички состав, во најкус можен рок од најнизок ранг ќе се пресели во „елитата“. Во тоа речиси и да нема никакви дилеми, иако секако мора да се одигра уште цела една полусезона. Сепак, до оглед на консталацијата на односи во оваа конкуренција, силата и квалитетот на Академија Пандев, како и буџетот со кој располага овој тим треба да се случи вистинско чудо па Академија Пандев да остане во второлигашката конкуренција.
Струмичани зимава одработеа подготовки во Анталија, одиграа голем број на мечеви против силни противници. Речиси ниту еден од клучните играчи не го напушти таборот, а доведен е Кристијан Иванов, младисниот репрезентативец.

ДЕРБИ ВО БИТОЛА УШТЕ НА СТАРТОТ
Академија Пандев токму на стартот на шампионатот игра дерби меч. Против Новаци на гостински терен. Битолчани пак одработеа подготовки во Струга, а се засилија претежно со играчи за кои повеќе немаше место во Пелистер. Степановски, Марковски, Анастасов се нови имиња во сите линии од тимот, а Благоја Наумоски е освежувањето во нападот.
Новаци во еден дел од есенскиот дел беше и лидер на конкуренцијата, а во моментов е трет со бод разлика од Скопје.

„ПИРАТИТЕ“ СЕ ФАКТОР КАКО И ОБИЧНО
Второпласираниот тим на Скопје, и во оваа полусезона влегува на идентичен начин како и во последните десетина години. Од ФК Скопје секогаш зависат нештата во втората лига. „Пиратите“ речиси и да немаат амбиции за прва лига, но се секогаш во врвот на табелата, така е и овојпат. Втори се во моментов, во својот табор собраа повеќемина млади и желни за минутажа фудбалери, а речиси и никој не ги напушти. Речиси секој тим или се бори за прва лига или за опстанок, и мора да минат во „Автокоманда“ или пак да го пречекаат Скопје. Во таква ситуација е Тетекс денеска, кој е домаќин на „Пиратите“ денеска.

15. КОЛО (25.02. 2017 - САБОТА) 14:00ч.
НОВАЦИ - А. ПАНДЕВ
ТЕТЕКС - СКОПЈЕ
ВЛАЗЕРИМИ - ВАРДАР (Н)
МЕТАЛУРГ – ЕУРОМИЛК
СРЕДА:
ХОРИЗОНТ Т – ТИКВЕШ ОДЛОЖЕНА

ТАБЕЛА
1. А. ПАНДЕВ 14 12 1 1 37:9 37
2. СКОПЈЕ 14 8 2 4 23:17 26
3. ЕУРОМИЛК 14 8 1 5 21:13 25
4. НОВАЦИ 14 7 4 3 18:10 25
5. МЕТАЛУРГ 14 7 1 6 20:23 22
6. ХОРИЗОНТ Т 14 4 7 3 19:12 19
7. ВЛАЗЕРИМИ 14 4 3 7 16:21 15
8. ТЕТЕКС 14 3 2 9 7:20 11
9. ВАРДАР (Н) 14 2 4 8 9:20 10
10. ТИКВЕШ 14 2 1 11 11:36 7


 



Датум: 04.03.2017, 11:33
Статијата е прочитана 1990 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense