| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018


Муслиу: Шкендија е најдобриот тим во Македонија

 


*„Специјално е чувството да си дел од најдобриот, најквалитетниот тим во Македонија. Овој трансфер дојде во вистински момент“ вели Висар Муслиу за клупскиот сајт на ФК Шкендија


Висар Муслиу засега е ѕвезда на преодниот рок. Неговото заминување од Вардар, па доѓањето преку Приштина во редовите на Шкендија ги возбуди фудбалски кулоари во мак - фудбалот.
За тоа како се чуствува и зошто ја одбра Шкендија, младиот репрезентативец говори во интервју за клупскиот сајт.
„Во минатото имаше повеќе обиди за да дојдам во Шкендија, но сите беа неуспешни. Но, се чини дека ова е вистинскиот момент. Ја одбрав Шкендија и поради фактот дека овој тим е најдобриот, најквалитетниот тим во Македонија. И затоа е специјално чувството да си дел од Шкендија. Дебитирав вчера против Динамо, само неколку часа по официјализирање на трансферот, и мислам дека беше добро. Малку на почетокот бев во грч, но потоа се си дојде на свое место. Секако дека ми треба малку време за адаптација, но тука се моите колеги од репрезентацијата до 21. година како Мурати, Бејтулаи, Адили, потоа оние од А селекцијата како Хасани, Радески, Ибраими и др. Со сите сум играл и нема да има проблеми. Напролет очекувам дибри резултати со Шкендија, и секако многу радости за нашите фанови“.

 

 



Датум: 01.02.2018, 17:59
Статијата е прочитана 1946 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense