| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017

Барсегјан во Вардар до 2019 година

Ерменецот денеска ја продолжи верноста со шампионот за следните две години

После Грнчаров, Глигоров, Фелипе и Гачевски, Вардар денеска го продолжи договорот со Тигран Барсегјан за уште две години. Со тоа Ерменецот останува верен на првакот до 2019 година.

„За мене е чест штосум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функцинираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години. Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули.“, изјави Барсегјан.



Датум: 15.06.2017, 14:00
Статијата е прочитана 1035 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense