| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.12.2017

Ѓоргев: Се враќам во Грасхоперс, а дали останувам ќе видиме

Нашиот репрезентативец дефинитивно ја прекинува позајмицата во Твенте, и се враќа во матичниот Грасхоперс. Дали тами ќе игра напролет сеуште не се знае

Никола Ѓоргев дефинививно предвреме става крај на двегофишната позајмица во холандскиот тим Твенте. Македонецот во изминатата полусезона речиси и да не заигра за клубот па логично е тој при првата шанса да се пресели на друго место. Дали тоа ќе биде неговиот матичен Грасхоперс, од каде што и замина во Твенте или пак ќе биде некој друг клуб, ќе се знае зимава.
„Се почна добро барем за мене. Играв на неколку средби, а потоа загубивме три пати по ред и го сменија тренерот Рене Хаке. Од тој момент јас повеќе не се вратив во првиот тим. Тој беше и човекот што ме доведе во Твенте, инсистираше на мое доаѓање, и логично беше да новиот тренер има своја концепција. Не сум лут, едноставно така одат работите во фудбалот. Единствен проблем за мене е што немам играно подолг период„ - вели Ѓорѓев од Холандија.

Враќање во Грасхоперс, а потоа...

„Сега дефинитивно се враќам во Грасхоперс со кого имам договор. Ќе почнат со подготовки на 8. јануари, а што ќе биде потоа ќе видиме. Не знам дали ќе останам, или пак ќе одам на нова позајмица. Сакам да играм, и каде ќе ми биде овозможено тоа, таму и ќе заминам„ - изстакнува Никола Ѓоргев за Македонски Спорт.


 



Датум: 18.12.2017, 10:43
Статијата е прочитана 1244 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense