| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.08.2017

Зенит: За Македонија не ни треба виза!

Претставничката на Зенит во Монако, ни изјави дека Вардар го цени и дека добро е тоа што кога ќе се патува во Македонија нема да им се потребни визи


Од Монако,
Игор Д. Ивановски

Во групата „Л“ секако дека фаворит е Зенит од Санкт Петербург. Во Монако претставничка на рускиот гигант беше Татијана, жена која пред две години работела како прес офицер во Рубин Казан.
„Знам доста за клубовите во Македонија, пред две години кога бев во Рубин игравме со Работнички. Секако дека го цениме Вардар, клуб кој што го мина Фенербахче. Тоа е најголемиот клуб во вашата земја. Инаку добро е тоа што кога ќе патуваме во Македонија нема да ни требаат визи, рече покрај другото Татијана.



Датум: 25.08.2017, 14:22
Статијата е прочитана 4071 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense