| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.04.2017

(ЖИВО) КРАЈ НА 26. КОЛО ВО ПМФЛ

КРАЈ НА 26. КОЛО ВО ПОМФЛ: Вардар - Пелистер 3:1, Шкендија - Ренова 1:1, Шкупи - Силекс 3:1, Брегалница - Македонија ЃП 1:0, Победа - Работнички 0:0.

ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР 3:1 (3:0)

67’ ГОООЛ - Ковачев од пенал успеа да го совлада Гачевски и да го намали резултатот

44’ - ГОООЛ - Одличен погодок на Тигран Барсегјан. Ерменецот погоди речиси од клупата на Пелистер, од педесетина метри се обиде да го лобува Пашовски, и успеа во намерата. Голманот на Пелистер не успеа да одбрани и топката е во мрежата. ГОЛОТ МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА.

42’ ГОООЛ - По преостриот старт на голманот на Пелистер, Пашовски врз Дејан Блажевски, Стефан Спировски од слободен удар од 20 метри погоди за 2-0. 

32’ - Нафрли Илиев од левата страна, обид со глава на Кардосо, меѓутоа Гачевски е добро поставен и одбрани

27’ - Уште една шанса Боарето се најде во добра шанса, упати удар кој што заврши само во пречката од голот на Пелистер

24’ - Слободен удар на Фелипе од 25 метри, добар обид, но само за малку над голот

12’ - ГОООЛ - Фелипе испрати долга топка до Боарето кој што од 16 метри ја смири, се ослободи од своите чувари и шутираше силно во долниот десен агол од голот на Пелистер

3’ - Спировски центрира од корнер, а на првиот дирек Новак со глава се обиде, меѓутоа само покрај голот

 

ШКУПИ - СИЛЕКС 3:1 (2:0)

79’ ГОООЛ - Глигоров нафрли од десно до Антонио Каланоски кој од  шест-седум метри ја затресе мреажата.

57’ - Асани со пробив по десната страна, дојде до гол линијата акде што сврти кон голот на втора натрча осамениот Шабани и ја испрати топката во празната мрежа.

26’ ГОООЛ - Долга топка од Асани од својата топка до Французинот Мбела, кој истрча сам пред голманот на Силекс и прецизено биеше во неговата мрежата за 2-0.

8’ ГОООЛ - Бајрами изведе слободен удар од лево, во шеснаестникот Адем со прв допир ја смири топката, а со вториот ја испрати во мрежа на Силекс.


ШКЕНДИЈА - РЕНОВА 1:1 (0:0)

82’ ГОООЛ - Ибраими од околу 18 метри од лево го погодува спротивниот агол. Убав гол на Ибраими за 1-1.

74’ ГОООЛ - Одлична асистенција на Филип Петковски до Велинов, а овој го матира голманот Јовановски.

64’ - Голема шанса за Ренова. Нафиу на само три метри од голот на успеа да ја погоди мрежата на Шкендија.

17’ - Ибраими од слободен удар од 20 метри шутира силно, но голманот на Ренова брани.

12’ - Продор на Ибраими, шутира од 12 метри за малку покрај лев дирек.


 

ПОБЕДА - РАБОТНИЧКИ 0:0 (0:0)

27’ - Убава шанса за гостите, Дурански шутира и ја погодува мрежата.



БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0 (0:0)

58’ ГОООЛ - Асистенција на Илиев, Бобан Ѓорѓиев стрела за водство на Брегалница.

 

Попладнево се играат петте натпревари од 26. коло во кое најинтересно треба да биде на „Телеком Арената“ во Скопје. Вардар и Пелистер ќе имаат уште еден серијал од битката меѓу „вечните“ ривали. Во битката за Тетово екипата на Шкендија ја пречекува Ренова, во Прилеп фудбалерите на Работнички одат по нови бодови, сега кај Победа. Брегалница на свој терен би требало да дојде до нови три бода додека голема борба ќе има на Чаир каде играат Шкупи и Силекс.

„Македонски спорт“ како и секогаш ќе врши текстуален пренос во живо од ова 26. коло.

 


 



Датум: 09.04.2017, 15:22
Статијата е прочитана 1439 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense