| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2018

Селекторот Ангеловски „скенира“ во Анталија

„Ги гледав Шкендија, Вардар, А. Пандев, Работнички, ќе ги гледам и Силекс и Шкупи, секако дека ме интересира во каква форма се актуелните но и потенцијалните репрезентативци“ вели Игор Ангеловски од Анталија


Како што и треба, селекторот Игор Ангеловски е во Анталија и е растрчан по терените со цел да ги види сите наши екипи во живо кои се подготвуваат во овој познат спортско туристички центар во Турција.
„Ги гледав Шкендија, Вардар, Работнички, А. Пандев, секако дека ќе ги гледам и Силекс и Шкупи, ме интересира во каква форма се актуелните но и оние потенцијални репрезентативци. Го следев двапати Динамо поради Аријан Адеми, го следев и натпреварот меѓу Азербејџан и Молдавија. Да потсетам дека со Азербејџан играме на 27 март. Вчера имав можност да го следам мечот меѓу Шкендија и Динамо и навистина имам само комплименти за играта на тетовци, секако и за Хасани, Радески и Муслиу на тој меч со силниот тим на Динамо“ ни изјави Ангеловски.
Инаку вчера Ангеловски по натпреварот Шкендија - Динамо имаше средба со претседателите на двата клуба Висар Беџети и Здравко Мамиќ.




Датум: 31.01.2018, 11:30
Статијата е прочитана 734 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense