| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.01.2018

Шкупи против Динамо Тбилиси, Челик...

Екипата од Чаир стартува со своите подготовки утре, а ќе тренира на стадионот во Ѓорче Петров. Веќе се прецизира и планот за престојот во Анталија

Тимот на Шкупи, на чело со тренерот Ардијан Нухији, од утре повторно е во погон. Ќе се тренира најпрво во балон, три дена, а потоа тимот ќе се префрли на отворено, односно на стадионот во Ѓорче Петров. Тимот полека почнува и да се засилува, првото потврдено засилување е Бујамин Асани, а ќе има секако уште многу новитети
Од друга страна пак, се „кова“ наголемо и планот за престојот во Анталија. Чаирчани за таму нормално планираат приателски средби, а на претставувањето на новиот финансиер, беше објавено дека ќе се спарингува со Карабах. Останатите термини 99% ќе бидат пополнети со екипите на Динамо Тбилиси, односно босанскиот тим на Челик. Имаше понуди за одигрување на мечеви и против Анжи односно романската Стеауа, но тајмингот не може да се погоди.



Датум: 03.01.2018, 10:53
Статијата е прочитана 1130 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense