| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

Надежите немоќни со разиграната Србија (0:2)


*Пораз за нашата репрезентација до 21. година во вториот квалификациски меч за ЕП 2019 година. Дома загубивме од Србија со 0:2

И дефинитивно не ни оди со Србија. Пораз на нашата млада селекција (У-21) од северниот сосед, и тоа со 0:2 и тоа со двата гола на Лукиќ и Живковиќ уште во првиот дел. Гостите си ја покажаа сета своја сила, одиграа навистина екстра, за разлика од момците на Благоја Милевски кои беа немоќни да им парираат. Ова беше прв пораз на нашите надежи во вториот квалификациски меч во групата за пласман на ЕП во 2019 во Италија и Сан Марино.
Србија дојде во водство во 22. минута со голот на Лукиќ, додека Живкковиќ со убав гол во 37. минута ги постави конечните 2:0. Чешмеџиев во финишот заработи втор жолт картон. Македонија без шанси а Србија со повеќе неискористени зицери. Мечот се одигра на теренот на ФФМ во Скопје, следниот дуел го имаме против Гибралтар.




Датум: 06.10.2017, 16:58
Статијата е прочитана 434 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense