| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.12.2017

Нухији: Задоволен сум од моите фудбалери

Немам што да замерам, одлично се држевме. Веќе трет меч покажуваат момците дека можат да се носат со актуелниот шампион на Македонија.

Тренерот на Шкупи, Ардијан Нухији по мечот со Вардар и елиминацијата од купот изјави дека е задоволен од прикажаното на неговиот тим и покрај поразот од 0:2.
„Мислам дека одиграа одлиечн меч денеска. Пробавме да ја одбраниме таа позитива од првиот меч во што и успеавме во првиот дел. Ме радува тоа што и по негативата моите играчи реагираа добро, создадоа некои ситуации, преку Стојковски на пример за да дојдеме до израмнување.  Задоволен сум од залагањето, од мотивацијата. Овие момци имаат квалитет, сум го рекол тоа многупати и стојам и натаму зад овој мој став. Вардар е актуелен шампион, знаевме дека ќе биде тешко, но ме радува тоа што моите играчи еве веќе трет меч му се спротивставуваат во голема мера на фаворитот“ - изјави тренерот на Шкупи, Адријан Нухији по мечот со Вардар. 



Датум: 17.12.2017, 16:20
Статијата е прочитана 1434 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense