| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2018

Кадриу пред потпис со Локо Пловдив

Офанзивецот е веќе во Бугарија и е дел од тимот, па се очекува во следните денови и да потпише договор.

Флоријан Кадриу во моментов е дел од тренинзите на тимот на Локомотив Пловдив каде што се обидува да обезбеди перманентен договор. Напаѓачот зимава си замина од Работнички и во моментов е слободен играч, а Локо Пловдив очигледно дека сака најпрво да провери на лице место за каков играч станува збор па дури потоа ќе одлучи дали ќе го ангажира.
Кадриу е играч кој лесно може да се снајде во секоја средина, исклучително е брз, и е млад, па веруваме дека во следните ден два ќе биде и претставен како ново засилување на бугарскиот прволигаш.
Таму годиниве минаа неколку македонски фудбалери, но сеуште активен е Ванчо Трајанов живата легенда на клубот и на македонската фудбалска репрезентација. Екс репрезентативецот веќе сериозно гази во четвртатат деценија од животот но и натаму е активен. Од овој клуб беше дел и Зоран Балдовалиев, а до пред извесно време и Стефан Јевтовски.

 

 



Датум: 15.01.2018, 11:25
Статијата е прочитана 1010 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense