| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.03.2017

Само Шкендија на „Clubworldranking" листата

Тетовскиот тим се најде на 641 место на овој ранкинг

Големо признание за ФК Шкендија. Имено на најновата листа на „CLUBWORLDRANKING“, само тетовскиот клуб од сите останати наши клубови, се наоѓа на нејзе. Да потсетиме дека на оваа листа се наоѓаат најдобрите 1.000 клубови во целиот свет. На последното рангирање Шкендија се наоѓа на 641 место со вкупно 860 поени. На оваа листа претежно се клубовите кои имаат било каков успех на меѓународна сцена. Да потсетиме дека до пред еден месец на оваа листа од Македонските клубови се наоѓаше и ФК Работнички кои беа на околу 900 место, но во последно време „романтичарите“ ги нема со оглед на тоа дека минатото лето клубот од Градски парк не го мина првото квалификациско коло во ЛЕ, за разлика од Работнички клубот од Тетово играше во плеј – офот.



Датум: 14.03.2017, 20:24
Статијата е прочитана 7874 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense