| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.05.2017

Мелака го претстави Мециновиќ (ФОТО)

Јасмин Мециновиќ и официјално е промовиран како нов фудбалер на екипата на Малака, која настапува во првенството на Малезија

Стоперот, кој во изминатава полусезона настапуваше за битолски Пелистер, се договори со малезискиот прволигаш пред една недела, но сега доби шанса и да се слика со новиот дрес. Дваесет и шест годишниот стопер доаѓа како засилување за тимот кој се бори за опстанок во лигата. Во моментов, по 12 одиграни кола, екипата на Мелака има освоено 11 бодови со што е еден бод над зоната за испаѓање.
Малезија ќе биде нова меѓународна станица во кариерата на Мециновиќ, кој пред да дојде во Пелистер играше за Банантс во Ерменија, а претходно има настапувано и за тимовите на Ломбард и Егри во Унгарија, Согндал во Норвешка и Тираспол и Шериф во Молдавија. Во Македонија, освен за Пелистер, Мециновиќ настапуваше и за Скопје, Македонија ЃП, Хориознт Турново и Ренова.

 



Датум: 16.05.2017, 16:59
Статијата е прочитана 1678 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense