| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.10.2017

Захариевски си замина од Пелистер

Се чини битолчани ќе имаат нов тренер по денешниот пораз од Силекс на домашен терен

„Македонски спорт“ неофицијално дознава дека веднаш после поразот од Силекс, Срѓан Захариевски поднел оставка на местото шеф на стручен штаб на битолски Пелистер. Се чини денешниот пораз беше клучен за разделба на стратегот со клубот од Битола кој што има два порази по ред од Работнички и од Силекс.

Захариевски дојде во Пелистер на почетокот на сезоната менувајќи го Наџи Шенсои кој што го водеше клубот минатата сезона, и низ настапите на битолските „зелени“ во Европа. Но, после неколку месеци дојде до разделба со некогашниот стручњак на Металург.

Утре ќе се знаат повеќе детали за Пелистер кој што сезонава е далеку од резултатите од минатата сезона.



Датум: 25.10.2017, 23:06
Статијата е прочитана 3164 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense