| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.09.2017

Савиќ со сто меча во Казахстан

Душан Савиќ, екс репрезентативецот на Македонија, веќе подолго време настапува во шампионатот на Казахстан

Душан Савиќ во моментов е дел од тимот на Актобе, а изминатиот викенд го одигра стотиот меч во казахстанскиот шампионат. Искусниот напаѓач веќе подолг период е дел од казахстанскиот шампионат како играч на екипите на Каисар, Жетису, Тобол, а ете, сега и на Актобе. Очигледно дека е исклучително ценет во оваа земја и без проблем пронаоѓа клубови. Најмногу се задржа во Жетису, одигра 51 меч и постигна 24 гола. Претходно настапуваше една полусезона за Каисар. Во Тобол настапи на 22 меча, а во новата сезона на Актобе, на осум меча постигна три гола.
Тој е еден од оние наши играчи кои сменија многу клубови во кариерата. Поточно, Савиќ има настапувано за петнаесет клубови, а своевремено беше дел од младинската школа на белградска Црвена звезда во, инаку, својата родна Србија.



Датум: 21.09.2017, 10:45
Статијата е прочитана 532 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense