| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.07.2017

Со тројца „кариоки“ по нова историја

Тогаш Вандаир, Оливеира и Брага придонесоа за најголемиот успех на Вардар на меѓународната сцена. Сега се сигурно двајца, со можност повторно да бидат тројца и да постигнат уште еден голем успех на тимот

Вардар уште многу ќе ја памети елиминацијата што му ја нанесе на тимот на ЦСКА Москва во 2003 година. Наедно, тоа беше и последната победа на „црвено-црните“ во квалификациите од Лигата на шампионите, кога го направија најголемиот европски успех.
Тогашниот тим предводен од тројца Бразилци, и тоа Вандаир, Оливеира и Брага, го направи најголемиот чекор во историјата на Лигата на шампионите. Вандаир и Оливеира беа дел од првиот меч во Москва, а потоа Брага на вториот натпревар.
Некои работи се индентични и сега, но третиот Бразилец во редовите на Вардар треба да го комплетира трансферот. Фелипе, Балотели и Лима се играчите кои се надеваат дека одново ќе се повтори историјата, овој пат на другата страна од Европа, на северозападот кај Малме.
Разгораваравме со сите тројца во Австрија. Посакуваат повторување на историјата и минување на Вардар на едно коло од Лигата на шампионите.
„Да, знаеме за таа историја на Вардар против ЦСКА и дека тогаш во тимот имало тројца Бразилци, и се надеваме дека ќе се повтори и оваа година, против Малме. Ние ќе сториме сѐ што можеме да направиме уште еден таков успех и оваа сезона“, велат едногласно тројцата Бразилци кои се моментално во Вардар.

ВАНДАИР, ОЛИВЕИРА, БРАГА
Нема кој не го памети бразилското трио од тоа време. Вандаир стана најдобар стрелец на екипата во европските купови, Оливеира само го покажа својот квалитет во црвено-црниот дрес, а Брага, иако малку играше, сепак, даде свој придонес за својот квалитет. Тогашните тројца играчи беа алката на тимот, непремостливата алка која придонесе за тој голем успех. Играчи кои оставија траен белег во вардаровата историја, која, за жал, досега не се повтори. „Црвено-црните“ оттогаш немаат ниту една победа во квалификациите од Лигата на шампионите, а немаат минато ниту едно коло.

СЕГА ФЕЛИПЕ, БАЛОТЕЛИ, ЛИМА
Меѓутоа работите можат да се сменат сега, со новото бразилско трио. Ланската сезона, со дуото Фелипе - Балотели, не беше елиминиран Динамо, а сега ако потпише третиот Бразилец Лима, може да се случи нова историја, да се случи нов, голем успех на Вардар. Се разбира, за тоа треба да стави потпис на договорот, нешто што го посакува и самиот тој, но за тоа подолу во овој текст.

 



Датум: 01.07.2017, 12:22
Статијата е прочитана 6062 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense