| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.08.2017

Митрев претставен во Балзан

Младиот македонски репрезентативец официјално стана член на тимот од Малта

Антонио Митрев од денеска и официјално е дел од тимот на Балзан. Стоперот потпиша професионален договор со тимот од Малта и во следниот период ќе настапува во тамошниот шампионат. Тој досега беше дел од младинскиот погон на Црвена Звезда, но својата шанса за сениорски фудбал ја виде на осторовот, и се реши таму и да замине. Базлан во суштина е исклучително амбициозен клуб, кој на Митрев му нуди фудбалски просперитет, минутажа и играње на ниво кое е потребно за неговиот развој па младиот стопер и не размислуваше летово премногу дали да му се приклучи на клубот. Митрев инаку е стандарден македонски репрезентативец во младински категории.

 



Датум: 09.08.2017, 11:33
Статијата е прочитана 1985 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense