| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2018

Николов веќе е во Видеотон

Играчот од средниот ред на завршни преговори со унгарскиот тим. На денешниот тренинг го немаше и Висар Муслиу кој што исто така е на излезна врата

Бобан Николов 99% е веќе играч на унгарски Видеотон. Фудбалерот од средниот ред веќе се наоѓа во Унгарија, на иста маса со челните луѓе каде што се договараат последните детали околу неговиот трансфер во овој клуб. Николов имаше зад себе одлична година, со оглед дека имаше успех на сите полиња, од пласманот на Европското првенство, до деби голот во македонскиот национален тим и европската „бајка“ со Вардар.

Исто така извесно е заминувањето на Висар Муслиу. Стоперот има понуди од кипарска Омонија и унгарскиот тим Академија Пушкаш, додека има и други клубови кои сакаат да го видат во своите редови.



Датум: 15.01.2018, 14:15
Статијата е прочитана 612 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense