| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.08.2017

Вардар урна турска „тика-така“

Фудбалерите на Фенербахче имале 484 пасови во Скопје кои беа недоволни за да дадат гол. Вардар имал 67 пасови но „даде“ и два гола. Бројките и статистиката се споредна работа во фудбалот

Дури 25.000.000 фанови на Фенербахче вечерта ја минаа со „отворена“ уста! Фенербахче е клуб со најголем број на навивачи во Турција. Сите тие сеуште се во шок и не знаат што им се случува. Загубија со 2:0 во Скопје од нашиот Вардар. А што си мислеа!? Дека тука сме село без кучиња!? По натшреварот но и денеска низ медиумите во Турција страшен напад кон скапите фудбалери на богатиот клуб кој има годишен буџет од 120 милиони евра. Но и сега и до сега честопати се потврдило дека парите не играат на зелениот терен.
Колумнистот Ѓурчан Билџик во весникот Сабах во својот коментар наведува дека долго следи фудбал но дека не видел вака слаб тим како Вардар. Се чуди на лошата игра на Фенербахче и ги прави „партал“ играчите и тренерот на оваа екипа. Споменува дека Фенербахче имал 484 пасови во текот на мечот наспроти 67 на Вардар кој играл со многу грешки и немал повеќе од 3 додавања во една акција. „Еден удар а примија два гола“!? Ова го зборува цела Турција за Фенербахче.
Вардар направи голема работа според бројката од 484 додавања наспротии неговите 67. Урната е турската „тика-така“ на Фенербахче.  Битен е резултатот и тој е 2:0 за Вардар. Огромна и историска е оваа победа за „црвено-црните“. Се брои резултатот а се заборава играта. Играта мора да се подобри за 100% во Истанбул на реваншот доколку играчите и стручниот штаб сакаат во срцето на Турција да ја напишат новата фудбалска историја и да се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа.

 



Датум: 18.08.2017, 14:45
Статијата е прочитана 1589 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense