| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Тони Јакимовски помошен тренер во Утенис Утена

Јакимовски ќе му биде асистент на Ѕвездан Милошевиќ во прволигашот од Литванија

Тони Јакимовски најде тренерски ангажман во Литванија. Тој ќе му биде асистент на стратегот Ѕвездан Милошевиќ во тимот на Утенис Утена, прволигашки тим од Литванија кој моментално е на петтото место на табелата во тамошниот шампионат. Јакимовски на 9 април ќе биде на клупата на Утенис Утена на мечот против Судува за кој настапува Марјан Алтипармаковски. Инаку Јакимовски во својата тренерска кариера ги има водено екипите на Вардар, Тетекс, Еуромилк, Брегалница и др.

 



Датум: 24.03.2017, 17:38
Статијата е прочитана 1953 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense