| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.10.2017

Пандев во „лов“ на стотката на Седлоски

*Горан Пандев вчера во Торино го одигра 90 натпревар за Македонија, му недостигаат уште десет да се израмни со Гоце Седлоски кој има 100 настапи

Горан Пандев вчера во Торино каде ремизиравме кај Италија со 1:1, го одигра својот јубилеен 90 настап за нашата најдобра репрезентација. Тој е во „лов“ на стотката на Гоце Седлоски, на Пандев му недостигаат уште десет настапи за да се израмни со некогашниот капитен на селекцијата. Веројатно и тоа ќе се случи ако нашиот најдобар фудбалер реши да игра за репрезентацијата и во наредниот квалификациски циклус. Инаку Пандев со 30 голови е најдобриот стрелец во историјата на нашата најдобра репрезентација. Со оглед на тоа како игра Пандев, секако дека тој и натаму и е потребен на селекцијата на Македонија.


 



Датум: 07.10.2017, 14:10
Статијата е прочитана 1344 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense