| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.20.2017

Лидерот шокиран од Велазерими

Кичевчани го преземаа првото место на западот

Гостивар изненадувачки доживеа пораз на домашен терен предмалку од тимот на Велазерими со конечни 1:2. Кичевци поведоа со 0:2 преку головите на Адили и Имери, а на пет минути до крајот на мечот, Деспотовски намали на 1:2.
Тимо на Еуромилк пак со пресврт дојде до нов триумф на домашен терен откако со 2:1 триумфираше над Зајас. По водството на гостите преку Хашими во првото полувреме, Еуромилк во второто полувреме направи комплетен пресврт. Османи и младиот Галевски во 58. односно 73. минута донесоа злато вредни три бода за тимот на Еуромилк.
Локомотива пак во далеку подобра игра одколку екипата на Лабуништа во текот на сите деведесет минути победи со 3:0 и на тој начин на своето конто обезбеди девет бода.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛОКОМОТИВА – ЛАБУНИШТА 3:0
ЕУРОМИЛК – ЗАЈАЗИ 2:1
ГОСТИВАР – ВЕЛАЗЕРИМИ 1:2
НОВАЦИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
СТРУГА – ТЕТЕКС 1:0

ТАБЕЛА:

1. ВЕЛАЗЕРИМИ 13
2. СТРУГА 12
3. ГОСТИВАР 11
4. ЕУРОМИЛК 10
5. ЛОКОМОТИВА 9
6. НОВАЦИ 7
7. ТЕТЕКС 6
8. ЗАЈАЗИ 5
9. ЛАБУНИШТА 5
10. МАКЕДОНИЈА ЃП 4

 

 


 



Датум: 01.10.2017, 17:29
Статијата е прочитана 4299 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense