| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017

Влазерими и Зајас се спојуваат?

Кичевци планираат да има еден второлигаш од нивниот град

Дали во Кичево идната сезона ќе има еден или два второлигаши? Според последните информации од кичевската чаршија, во моментов нема средства за двата клуба Влазерими и Зајас сериозно да опстојуваат во оваа конкуренција, да функционираат и да имаат успеси. Па така, предложено е двата клуба да се фузираат и да опстојуваат како еден. Причина за ова, пред сѐ, се финансиските средства. Двата клуба досега функционираа на приципот донации од странство и помош од Општина Кичево, но очигледно дека полесно би се функционирало ако има само еден клуб.
Влазерими веднаш се согласува за вакво нешто, но проблем прави Зајас, затоа што при евентуално фузирање, се планира името на клубот да биде токму Влазерими.
Како што е добро познато, Влазерими и минатата година беше дел од Втората лига, а Зајас со нејзиното проширување, односно делбата на Исток и на Запад, обезбеди пласман во погорен ранг со дополнителните бараж-мечеви.



Датум: 17.07.2017, 10:58
Статијата е прочитана 2539 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense