| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017

Барди: Ми се оствари сонот за голем трансфер

„Нема посреќен од мене во моментов. Кога дознав дека ме бара Леванте, немаше никакви дилеми каде ќе продолжам. Благодарност до сите, ветувам ќе напредува уште повеќе“, изјави за „Македонски спорт“, Енис Барди.

Енис Барди и официјално е дел од тимот на Леванте. Нашиот репрезентативец пред малку го потпиша договорот со шпанскиот прволигаш и сега, останува само да биде промовиран. Тоа ќе се случи во текот на утрешниот ден, а првите импресии по потпишувањето на договорот кој е има важност до 2020 година. Енис Барди ги сподели со „Македонски Спорт“.
„Не можам да го опишам чувството по потппишувањето на договорот. Ова е сон на секој фудбалер, на секој млад играч. За ова сонував и еве сега стана реалност. Потпишав за голем клуб, направив голем трансфер. Среќен сум, што друго да кажам. Им благодарам на сите оние кои досега имаа удел во мојата кариера, од најмали нозе, па сe до овој момент. Од клубови, тренери, селектори, благодарност до Ујпешт како клуб, благодарност до македонската федерација, репрезентацијата до моите менаџери до сите оние кои правеа се за да јас успеам, да стигнам до тука. Сега е време да се докажам на уште едно повисоко ниво одколку досега во мојата кариера. Ветувам дека така ќе биде. Ќе направам се, ќе работам уште повеќе одколку досега за да покажам и докажам дека сето ова е заслужено што ми се случув„ - вели Барди.

Ги одбив Динамо, Видеотон, руски клубови...

Сега откако Енис Барди и дефинтивно е дел од Леванте, ред е фудбалерот да каже каде се имаше можност да замине.
„Искрено кога дознав дека имам шанса да заминам за Леванте веќе немаше дилеми за мене. Од фудбалски аспект. Не гледав ни пари, ни ништо. Само сакав да заиграм во шпанската Примера. Имав можност да заминам во Динамо Загреб, Видеотон имаше голема желба да ме доведе, но јас се одлучив за најдобарата варијанта„ - додава Барди.
Тој останува во Леванте, каде неговиот нов клуб се подготвува за новата сезона, а во текот на утрешниот ден ќе има и официјална промоција.



Датум: 17.07.2017, 15:29
Статијата е прочитана 7135 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense