| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Шкендија се тресе за Буба

Десното колено на Ферхан Хасани, тоа оперираното пред 1.5 година, одново е проблематично. Буба чувствува болки и сигурно е дека нема да игра в сабота во Штип. Се прават максимални напори да биде заздравен за 24 март и мечот на нашата репрезентација со Лихтенштајн

Ферхан Буба Хасани е повреден. Капитенот на Шкендија и најдобар фудбалер на вицешампионот и еден од клучните играчи во нашата најдобар репрезентација чувствува болки во пределот на коленото, тоа оперираното пред 1.5 година и повеќе. И токму тоа колено е проблематично. Буба, миленикот на „балистите“, не настапи на неделниот меч со Победа, а веќе не тренира неколку денови. Првичните прогнози беа дека со еден вид специфична терапија сè ќе биде в ред со него, но, сепак, новите информации велат дека таа повреда и не била така наивна. Навистина штета за него, токму сега кога најдобриот фудбалер во нашата Прва лига ѝ е неопходен на својата Шкендија и токму сега пред квалификацискиот меч на нашата репрезентација со Лихтенштајн идниот петок.
Токму затоа сите во Шкендија се во некој вид паника, се знае што значи Буба за сите во клубот. Тој не само што е најдобар фудбалер, по него и Шкендија е препознатлива, имено Шкендија е Буба и Буба е Шкендија.

* Прочитајте повеќе во новото издание на „Македонски спорт“.



Датум: 16.03.2017, 11:54
Статијата е прочитана 2531 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense