| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.06.2017

Илијоски: Дај боже Лех да не потцени

„Играме со навистина силен противник, но сметам дека во фудбалот се е можно. Верувајте дека Пелистер ќе одигра во Познањ најдобро што може“ вели напаѓачот на „зелените“ Баже Илијоски

Од сите наши три претставници во Лигата на Европа, се чини дека Пелистер  го доби најтешкиот противник. Лех Познањ е тим кој што не само има амбиција да го мине првото квалификациско коло во ЛЕ туку и да игра најмалку во групната фаза. Нема што, пекол го чека нашиот освојувач на Купот...
„Ја следев пријателската средба меѓу Лех и Хапоер Бер Шева. Имаше што да се види. Полјаците ја покажаа сета своја сила. Сепак во фудбалот се е можно, наше е да го одиграме тоа што најдобро го можеме и знаеме. Се знае кој е фаворит, но исто така треба да се има верба во себе. Ако Лех не потцени, е тука ја гледам нашата шанса за добар резултат во четврток во Познањ“ ни изјави Баже Илијоски, напаѓачот на Пелистер.



Датум: 25.06.2017, 13:08
Статијата е прочитана 5901 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense