| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.11.2017

Ренова: Судиите судат на наша штета

Гипсарите реагираат на делењето на правдата за оваа сезона сметајќи дека се на многу меча оштетени

Раководството  на  ФК “РЕНОВА  АД”  на  синоќешната  итна  седница  по анализата  на  последните  натпревари  на  клубот  донесе  неколку  заклучоци  кои  се  преточени во реакцијата адресирана до нашата редакција.
„Се  повторува  истата  односно  веќе  видена  приказна  кога  се  работи  за  односот  на  ФФМ кон  нашиот  клуб , односно  клубот  по  многу  кратка  пауза  повторно  е  цел  на  Судиската  комисија  на  ФФМ  преку  делегирање  на судиите кои  доаѓаат  на  нашите  натпревари  со  јасна  цел   да  ја  оштетат  ФК “РЕНОВА  АД” , или  да  им  помогнат  на  противничките  екипи.
И  тоа  мора  да  признаеме  досега  прилично  им  успева. Еве  сега  пак  клубот  е  закочен  односно  влегува  во  резултатска криза поради намерните грешки на судиите.
Грешки имаше и на минатите натпревари, а овој со Вардар само ја прели чашата од судиски грешки на наша штета во овој шампионат.
Ние и понатаму нема да молчиме и сите неправди кон нас ќе ги изнесеме во јавноста. Не сакаме да го омаловажуваме успехот на ФК Вардар. Оваа реакција нема никаква врска со ФК Вардар кој заслужено победи. Овој успех го омаловажува е судиската шесторка кои што со нивните грешки ја засенија одличната игра на гостите“, се вели во дел од соопштението на ФК Ренова.



Датум: 17.11.2017, 16:08
Статијата е прочитана 277 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense