| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.05.2017

Атанасов за минимален триумф

Со голот на Јани Атанасов од пенал во 11. минута, м акедонската репрезентација до 18. години предмалку ја совлада соодветната селекција на Бугарија

Нашите млади фудбалери на чело со селекторот Вујадин Станојковиќ одработија добар тест натпревар во кој уште еднаш имаа можност против квалитетен противниик да видат до каде се со формата. Противникот добро париреаше но реално не создаде некоја посериозна шанса за гол, додека пак ние пред голот на Атанасов, можевме да поведеме и преку шансата на Трапановски но гостинскиот голман го осуети неговиот удар со глава. Вториот меч помеѓу овие две селекции се игра вчетврток од 11:00 часот.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 1:0 (1:0)
Стрелец: Атанасов 11‘ (п) (М)
МАКЕДОНИЈА: Стевковски, Ристовски, Маневски, Фасзлагиќ, Митрев,Стоименовски, Колевски, Атанасов, Богдановски, Елмас, Трапановски
Играа уште: Станковски, Делевски



Датум: 09.05.2017, 17:50
Статијата е прочитана 3435 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense