| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.03.2017

Шкупи со поддршка за Шкупи за победа над Велес (ФОТО)

Шкупи го доби големото Футсал дерби против Велес со 2:1 во драматичен натпревар во преполната сала во Чаир

Големото дерби во Футсал првенството меѓу Шкупи и Велес предизвика огромен интерес и до врв ја наполни салат во Чаир, а поддршка за чаирчани дојде и од фудбалскиот клуб. Така, членовите на фудбалскиот клуб, Јасир Асани, Фисник Зука и Флоријан Кадриу беа на трибините и тоа меѓу навивачката група „шверцери“ каде што го проследија натпреварот заедно со водачот на чаирските навивачи, Омер Буњаку.
Нивната поддршка очигледно донесе резултат со оглед на тоа што Шкупи славеше против најголемиот ривал со 2:1, со што ја презема главната улога во трката за шампионската титула.



Датум: 03.03.2017, 21:49
Статијата е прочитана 7686 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense