| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.05.2017

Велес е победникот во футсал-купот

Велес го декласираше Шкупи и успеа со 6:3 да го победи во футсал финалето на Купот на Македонија, и со тоа да го освои драгоцениот пехар во ова натпреварување

Велешани во текот на целиот меч доминираа, имаа водство и од 5:0, но на крајот мечот заврши со 6:3. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Тодоровски два, Леовски постигна три и Левески еден. За Шкупи пак стрелци беа Елјаса и Ибиши.
Пехарот и медалите на победничкиот тим ги додели Добре Иванов, членот на УО на ФФМ.
Мечот беше исполнет со тензија и во него беа доделени дури четири црвени картони.

ВЕЛЕС - ШКУПИ 6:3 (4:0)

 



Датум: 28.05.2017, 21:15
Статијата е прочитана 3369 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense