| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.03.2017


Денеска е новиот ден „Д“ за Адеми


Спортскиот суд во Лозана најави дека на 17 март, конечно, ќе се знае неговата одлука

Конечно, дали ќе има ли добри вести за Аријан Адеми. Нашиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Загреб кој поради недозволена супстанца пронајдена кај него во септември 2015 година беше казнет со четири години забрана за играње. Самиот Адеми и Динамо се жалеа на оваа драстична висока казна, случајот дојде и до Спортскиот суд во Лозана. ЦАС требаше по таа жалба да се произнесе уште минатиот месец, но откако го ислуша Адеми реши да ја пролонгира одлуката за еден месец, за 17 март, односно за денеска.
Во меѓувреме Адеми вредно тренира, понекогаш игра мал фудбал, а во последно време чест гостин е и на тениските терени.
Во случај на Аријан Адеми да му укине или намали казната тоа секако дека и тоа како добро ќе му дојде на селекторот Игор Ангеловски. Адеми му е повеќе од потребен во средниот ред на нашата репрезентација. Но, да почекаме и да видиме какви вести од Лозана ќе дојдат во текот на денешниот ден.



Датум: 17.03.2017, 10:13
Статијата е прочитана 2623 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense