| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.10.2017

Скандал! Тиквеш ќе загуби од Кожуф со службени 3:0

И тоа поради неправилна измена на кавадарчани на саботниот меч со Кожуф, поради играње без младинец

Каде ли им беше паметот на кавадарчани на саботното гостување во Гевгелија. Имено мечот заврши со резултат 1:1, но поради неправилната измена, поради играње без младинец а по пријава на Кожуф, ФК Тиквеш овој натпревар ќе го загуби со службени 3:0. Плус вертојатно ќе има и одземање на бодови како дисциплинска мерка. Се знае дека во Втората лига во првите 45 минути мора да има двајца младинци на терен, а тренерот на Тиквеш во 44. минута го извадил младинецот Мирко Симјановски а во игра го внел Роберт Митев кој не е младинец. Значи Тиквеш една - две минути играл само со еден младинец на теренот во првото полувреме. Е па затоа ќе загуби со службени 0:3.

 



Датум: 09.10.2017, 15:30
Статијата е прочитана 4664 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense